Јелена Ѓоковиќ во монохроматска циклама комбинација: Би ѝ позавиделе многу холивудски ѕвезди

Јелена Ѓоковиќ отсекогаш била дама со стил, но на оваа комбинација би ѝ позавиделе многу холивудски ѕвезди.

Јелена Ѓоковиќ, сопругата на еден од најдобрите тенисери во историјата на спортот, Новак Ѓоковиќ, отсекогаш важела за жена со многу префинет вкус за мода.

Јелена која од 2014 година е во среќен брак со Ноле, а со него уште од средно училиште минува и убави и тешки времиња, овој пат се одлучи за сосема гламурозна комбинација.

View this post on Instagram

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)



Комбинација која предизвика низа позитивни критики и пофални коментари. Јелена облече комбинезон без ракави со V-деколте. Таа ја избра бојата циклама, која е една од оние нијанси што има моќ едноставно да ги хипнотизира сите во просторијата во која се појавувате.

Едноставната и неверојатно елегантна фризура и сведената шминка го комплетираа овој моден избор. Накитот вклучуваше обетки, ланче и рачен часовник.

Инаку, Јелена има навика доста често да оди на монохроматски комбинации, како што беше случајот пред неколку дена кога се одлучи за белата боја.


ФОТО: Инстаграм