„Јелена и јас сме...“: Милица Павловиќ искрено за односот со Карлеуша

Добивај вести на Viber

Милица Павловиќ на новогодишната ноќ ќе настапи пред белградската публика, а по тој повод одржа прес-конференција на која зборуваше и за врската со Јелена Карлеуш и Аца Лукас.

Пејачката го најави спектаклот за 31 декември, а потоа разговараше со новинарите на многу теми. Неизбежно прашање беше врската со Аца Лукас, кој неодамна изјави дека не ја познава, иако пред неколку години снимија дует.

- Da li bi priznao kolko si me voleo, slobodno laži, ma važi (Ќе признаеш ли колку ме сакаше, слободно лажеш, ма важи) - отпеа дел од својата песна Милица и така му одговори на колегата.

- Разбирам зошто луѓето мислат така, но и самите знаете дека со некои пријатели немате толку заеднички слики на мрежите, а се дружите. Јас и Јелена се‘ уште сме тука една за друга, се слушаме, се поддржуваме - изјави Милица, а потоа откри дали го пробала парфемот на Јелена:

- Чекам да ми поклони парфем. Сакав да го купам, но бидејќи слушнав дека ќе ми подари, не сакав да ѝ го расипам тоа - заклучи пејачката.

Фото: Youtube - screenshoot