Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ: Со години не сме заедно

Јелена Карлеуша првпат ја откри вистината за својот брак со фудбалерот Душко Тошиќ. „Ние воопшто не сме заедно, со години“, раскажа српската пејачка во емисијата „Ѕвездите на Гранд-Специјал“.

- Саша, знаеш што мене Душко ми вели за „Гранд“? Вели: Нас нема медиумите да не' разведат, нас „Гранд“ ќе не’ разведе. Ние воопшто не сме заедно со години и тоа токму поради твојот ангажман во шоуто - се пошегува Карлеуша.

На прашањето на гледачите дали има сериозни проблеми во бракот како што јавуваат регионалните медиуми, Јелена не даде јасен одговор.

- Не. Не се разведувам. Можам само да повторам. Ако Душко и јас се разделиме, тоа ќе биде поради недостаток на време да си се посветиме еден на друг - објасни таа.