Јелена Карлеуша им посака среќа на девојките од Hurricane и им порача: Имам неодолива потреба лично да ги стилизирам

Јелена Карлеуша многумина ја карактеризираат како голем критичар на естрадата, но дека кај неа нема суета и дека не ги штеди пофалните зборови за луѓето кои тоа го заслужуваат, пејачката покажа многу пати.

Познато е дека е во одлучни односи со колешките Наташа Беквалац, Мира Шкориќ и Дара Бубамара, а дека лично ги сака Милица Павловиќ и девојките од групата „Hurricane“ покажа кога ги повика да ѝ бидат гости на онлајн концертот кој го одржа онлајн, на апликациајта „Youbox“.

Пејачката на својот Инстаграм профил сподели видеа со групата „Hurricane“ од пробата пред споменатиот концерт од 2020 година, па напиша: „Ги сакам овие девојки и им ја посакувам целата среќа со новата песна на Евровизија“.

Како некој кој веќе две децении ја носи титулата најдобро облечена жена на овие простори, Јелена изрази желба лично да се позанимава со стајлингот на овие девојки: „И имам неодолива потреба следниот пат јас лично да ги стилизирам!“