Јелена Карлеуша повторно си игра со „фотошоп“: Ова нема врска со реалноста

Бројни корисници на социјалните мрежи со години коментираат дека пејачката Јелена Карлеуша спасот за стеснување на половината и бутовите, „пеглањето“ на телото за да го сокрие целулитот, стриите или масните наслаги, намалувањето на носот, како и додавањето на стомачни мускули го пронашла во разните алатки кои ги нуди „фотошопот“.

Повеќето се согласија дека Јелена фотографиите кои објавува секојдневно речиси немаат никаква врска со реалноста, а на една од последните фотографии, како што пишуваат нејзините следбеници, таа повторно си „играла“.

Имено, станува збор на фотографијата на која задникот на Карлеуша е во прв план, а обожавателите по објавата ги преплавија социјалните мрежи со коментари.

И додека едни пишуваат дека пејачката повторно се одлучила за естетска корекција, други коментираатд дека има премногу слободно време, па дека малку си игра со „фотошоп“.

„Ова не е реално, до кога ќе објавуваш волку нереални фотографии. Немаат врска со реалноста. Задникот ти е поголем од мојата иднина. Намали го фотошопот“ - се само некои од коментарите под фотографијата.