Јована Јоксимовиќ ја искара Јелена Вељача

Српската водителка Јована Јоксимовиќ, сопругата на музичарот Жељко Јокисмовиќ, ја искара хрватската актерка и продуцентка Јелена Вељача.

Вељача веќе некое време поради снимањето на новата серија „Погрешен човек“, чиј продуцент е, претстојува во Белград, а инаку живее во Загреб. При гостувањето во Утринската програма на Тв Прва кај Јована, каков што е обичајот, Јелена ја поздрави водителката и ја баци два пати.

„И понатаму во Србија се бацуваш два пати. Зарем не си веќе доволно во Белград за да научиш дека овде кај нас се бацува три пати“, ѝ рекла водителката на Вељача. Хрватската актерка на тоа ѝ одговорила дека тоа е навика, на што Јоксимовиќ низ  насмевка ѝ рекла дека не е доволно во Белград. 

Jелена Вељача стана популарна по ТВ серијата „Вила Марија“. Подоцна се повлече од актерството и почна да се занимава со пишување сценарија и продукција на серии.