Јованка Житарова со солзи во очите за мајчинството и борбата за децата: Зои и Картер ми се најважни во животот!

Пејачката Јова, односно Јованка Житарова пред повеќе од еден месец го промовираше видеото за темата „Биди сама своја среќа“ кое што има над 300.000 прегледи на Јутјуб што е голем успех за еден македонски изведувач.

Јова на музичката сцена токму со овој рефрен се врати после пауза од 10 години, а за време на истата се реализираше во улога на мајка, односно ги роди близнаците Зои и Картер за кои во повеќе наврати досега има истаканто дека се нејзино „СЕ“ во животот.

Деновиве беше и гостинка во „Бекстејџ“, а во рамки на гостувањето откри детали поврзани со нејзината кариера, но и приватен живот. Ги откри причиите за разводот со сопругот, па со солзи во очите прозборе за мајчинството и борбата за нејзините деца.

Целото интервју можете да го погледнете во видеото во продолжение: