Каде е денес Алесандра Гучи, наследничката на куп милиони: Ги прекина сите контакти со мајка си

Иако никогаш не работела за Гучи, Алесандра била моден дизајнер

Филмскиот хит „House od Gucci“ е приказна за трагичното минато на едно од најпознатите италијански семејства - Гучи. Иако филмот се фокусира на убиствoто на Маурицио Гучи и неговата поранешна сопруга Патриша Реџани, која ја игра пејачката Лејди Гага, гледачите се‘ уште се прашуваат што се случило со другите членови на семејството кои се‘ уште се живи.

Најинтересен би можел да биде животот на ќерката на Маурицио, Алесандра Гучи, која заедно со нејзината сестра Алегро го наследија имотот на нејзиниот татко вреден 400 милиони долари. Таа и нејзината сестра го прекинале контактот со својата мајка, а тоа го потврди и самата Патриша Реџани во интервјуто кое во 2016 година го дала за Гардијан. 

Иако Алесандра беше држена подалеку од очите на јавноста во последните неколку децении, некои работи за нејзиниот живот сепак беа откриени.

Никогаш не работела за Гучи, а Алесандра била моден дизајнер. Таа имаше своја колекција на чанти кои ги продаваше под премиум брендот АГ. Таа ја лансираше ограничената колекција „The First“ во 2008 година која содржеше 99 чанти. Алесандра му оддаде почит на своето семејство со именување на некои дизајнерски парчиња по нејзиниот татко Маурицио и дедо ѝ Родолфо. Нејзината колекција беше достапна само во избрани продавници за висока мода во Милано, Лугано, Париз и Москва, но Алесандра многу кратко се занимаваше со моден дизајн.  

Алесандра и нејзината сестра Алегра ја споделуваат љубовта кон бродовите со нивниот татко. Тие ги наследиле јахтите на нивниот татко, Абел и Креол, со кои често пловат, а едрењето им е еден од најубавите спомени од нивното детство. На овој начин се трудат да го зачуваат споменот на својот татко. Сестрите исто така ги пријавуваат своите чамци за натпревари, па освоија неколку регати, вклучувајќи ги и наградите Сен Тропе и Монако во 2013 година. 

Алесандра и Алегра живеат во Швајцарија и двете се во брак и имаат деца. Тие поседуваат скапи вили во Њујорк, Сент Мориц и Милано. Пентхаусот во Олимписката кула, кој се наоѓа на Петтата авенија во Њујорк, е ставен на продажба во 2015 година, а за него побарале 45 милиони долари. 

Сестрите биле обвинети за затајување данок во 2013 година, а пишувало дека од 2004 до 2010 година не платиле речиси 5,7 милиони долари данок. Тужбата била отфрлена во 2014 година, поради недостаток на докази.

Веднаш по првото апсење на нејзината мајка Патриша Реџани, Алесандра Гучи жестоко ја бранеше. Таа тврдела дека нејзината мајка се борела со тумор на мозокот и дека не била „цела своја“ кога го ангажирала убиецот.

Но, со текот на времето, таа се предомисли и престана да комуницира со нејзината мајка. Во интервју за „Гардијан“ во 2016 година, Патриша Реџани по ослободувањето потврди дека ќерките и ја одзеле финансиската помош и дека не добила можност да се запознае со нејзините внуци. 

На крајот, Алесандра и Алегра ја тужеле својата мајка затоа што не сакале таа да добива пари од наследството на нејзиниот татко. Судот на крајот пресуди во корист на Патриша, која добива 1,2 милиони долари годишно, како што беше договорено во парницата за развод. Но, тоа на крајот, додека таа беше во затвор, порасна на 20 милиони долари.


Фото: Профимедиа

Како богаташка, сопственик на пропадната пицерија, портир и јасновитка го смислија убиството на моќниот Гучи