,

Каде се највозбудливите летни авантури во Македонија?

Високи температури, жешка атмосфера, зголемена желба за адреналин. Летниот период може да ви донесе голема возбуда и да ви ја разбуди желбата за нови авантури. 


Доколку за прв пат сте се решиле да го искористите летото за незаборавни авантури не треба да одите далеку бидејќи нашата земја располага со фантастични предели, како на пример дивата и недопрена природа во Мариово, импресивните пејсажи на Галичица, рустикалните предели на Галичица, мистериозните длабочини на Врело на Матка.


Во Македонија се повеќе се развива авантуристички и активниот туризам, па кога веќе постои голем интерес кај странските гости, зошто и вие да не ја искористите шансата за импресивна летна авантура за која не треба да ги напуштите границите на Македонија.

Наши препораки за посета се адреналинската патека во Пехчево која бара голема вештина, а максимално го буди адреналинот. Тука се и турите со јавање на коњи во Вевчани и Галичник за незаборавно искуство. 

Љубителите на природата може да уживаат во велосипедските тури низ повеќе атрактивни планини низ Македонија каде во текот на ова лето ќе најдете прибежиште од пеколното сонце.

Од екстремните видови на спортови во Македонија за жал нема преголем избор, па така за трагачите на возбуда би ги препорачале скоковите со падобран и летовите со параглајдери.

Природните езера во Македонија исто така имаат голем потенцијал за возбудливи доживувања и летни авантури, но засега тие се ограничени на нуркање.

Наш предлог е да го посетите и единствениот природен остров во Македонија кој е сместен во Преспанското езеро, но таму бидете многу внимателни и одете во поголема група со резерви на вода и храна.

Која е ваша идеја за незаборавна летна авантура, каде сакате вие да доживеете силна возбуда за искуство кое ќе ви го одбележи ова лето?