Каде се направени грешките во лекувањето на короната - Британија лани имала најголема смртност по Втората светска војна

Во Британија, во изминатата година е забележана најголема смртност по Втората светска војна. 

Ова денеска за Би Би Си го изјави директорот на здравствената хуманитарна организација Кингс фонд Ричард Мареј.

Според официјалните податоци, во Британија во првите 11 месеци на 2020 година починале околу 697.000 луѓе, што е речиси 91.000 повеќе од годишниот просек во последните пет години, кој изнесува 606.000. 

Се очекува дека кога ќе бидат познати податоците за декември, таа разлика ќе биде дополнително зголемена.

„Велика Британија има една од највисоките стапки на прекумерни смртни случаи во светот, повеќе прекумерни смртни случаи на милион жители од повеќето европски земји и САД“, кажа Мареј.

Повеќе по оваа тема прочитајте на Фактор.мк

Фото: Фактор.мк