Како би изгледала рекламата на СКОПСКО ако ја режирате вие?
Пред еден век СКОПСКО го започна своето патување.
И во овие 100 години успеа да прерасне во бренд кој е составен дел од сите наши животи.
Она што е најважно е дека неговиот успех се должи на сите вaс кои сте дозволиле СКОПСКОда биде дел од вашите убави моменти и децении ја пишувате неговата успешна приказна.
Затоа, кога требаше да ги прославиме овие 100 години и да им посакаме добредојде на наредните 100, си го поставивме прашањето: Зошто само да правиме реклама за луѓето, кога можеме да ја направиме заедно со нив?
Па така тргнавме низ нашите градови, низ местата каде што СКОПСКО живее — седнавме на пиво, во парк, на улица, во маало, во чаршија, на плоштад. Патувавме низ земјата, интервјуиравме стотици луѓе и ги прашавме: „Како би изгледала рекламата за СКОПСКО ако ја режирате вие?“
Ги собравме идеите и ги претворивме во кампања — создадовме заедничка визија за СКОПСКО, реклама направена од луѓето.
Во рекламата на Дејан не постои топло пиво, па ни на 50 степени, кај Влатко секое маало има пиводрон достава, а во рекламата на Ина Скопско се телепортира до најблиските дури и кога се најдалеку.
Сите овие сцени од спотот се базирани на вашите идеи и без разлика колку невозможно или откачено да звучат тие го прават СКОПСКО вашето пиво!
Бидејќи цел еден век СКОПСКО сте сите вие!
За наредните 100, Скопско и се е можно!
ПР објава