Како да го исчистите стариот накит

Златото исчистете го со вода и неутрален сапун, а вдлабнатините со четка за заби. Сребрениот накит може да го исчистите со мешавина од сок од лимон, сода бикарбона и малку вода.

Филигранскиот накит може да го исчистите со алкохол и бебешка пудра. Со мека четка за заби измешајте ја смесата, а подоцна со сува крпа нанесете на накитот.

Украсите или скапоцените камења на накитот исчистете ги со пепел од дрво.
Делови од сребрен накит кои оксидираат во допир со кожата, исплакнете ги со вода во која додадовте неколку капки амонијак. Кога се исушат, нанесете безбоен лак.