Како да го засакате понеделник

Луѓето отсекогаш не го сакале првиот работен ден во неделата бидејќи започнуваат новите обврски на работа, училиште, факултет.

Добар совет навистина вреди. Не го сакате почетокот на работната недела? Кога некој ќе ви го спомене понеделникот паѓате во депресија? Еве неколку совети барем малку да го разубавите тој мрачен ден:

Наспијте се доволно 

Нема ништо полошо од тешкото будење наутро со темни подочници. Потрудете се вечерта во недела да биде вечер за одмор за наутро полесно да се разбудите. 

Нова плејлиста 

Во понеделникот освежете го својот список на песни на плеерот. Покрај омилените песни, ставите нешто ново за списокот да не биде здодевен. Ставете инспиративна и позитивна музика или нешто малку побрзо за да се разбудите. Важно е само да ја избегнете монотонијата.

Понеделник е ден за акција 

Секогаш размислувате за промени, неисполнетите желби и неостварените идеи? Треба нешто да се преземе, можеби за вас е да почнете да вежбате, да престанете да пушите, можеби да почнете диета, можеби да барате зголемување на платата или да почнете сопствен бизнис. 

Фатете сонце 

Витаминот Д кој го добиваме изложувајќи се на сонце го крева нивото на серотин, хормонот на среќа. Пешачете до работа со утринското сонце или прошетајте со колегата на пауза за ручек. Само 15 минути дневно дружење со сонцето ја намалува појавата на депресија. Направете нешто убаво за себе кога ќе се разбудите Медитацијата е добар избор за утринска релаксација. Можете да се истуширате со малку постудена вода и направете си себе добар и здрав појадок, проследено со музика која ви го зголемува расположението. 

Облечете ја омилената комбинација 

Носењето омилени чевли ќе ви ја зголеми самодовербата и ќе се чувствувате убаво. Направете фризура и нашминкајте се. Нека понеделиикот биде дек кога вашите колеги едвај ќе чекаат да ве видат како изгледате. 

Испланирајте нешто забавно за крајот на денот 

Независно каков ви бил денот, испланирајте навечер средба со пријателите или партнерот. Тоа сигурно ќе ве расположи доколку сте имале лош ден или добриот ден ќе го направите уште подобар. И запомнете: Понеделникот е преполн со можности.