Како да кажам дека нешто не е во ред со моето чедо: Потресно сведоштво на мајка на аутистично дете

Добивај вести на Viber

Аутизмот предизвикува децата да го доживуваат светот поинаку од повеќето други деца. Нив им е тешко да разговараат со другите и потешко се изразуваат со зборови. Децата со аутизам се држат за себе и не можат да комуницираат без посебна помош. Британската новинарка Ана Кук, мајка на три ќерки, од кои на средната ѝ е дијагностициран аутизам, неодамна отворено проговори дека до пред само три години не знаела ништо за аутизмот, освен општи информации дека овие деца се посебни, генијалци, социопати, ексцентричени самотници, дека го кријат погледот и се молчаливи. 

Кога свекрва ми претпостави дека 2-годишната ќерка може да е аутист, јас се изнасмеав и си помислив: „Ех, овие баби..“. Лиза секогаш гледаше во очите, растеше насмеано, мило и весело дете.

Ништо, ќе помине ... Но, од 2 години Лиза не велеше ни збoр, ниту „мама“, ниту „тато“, само чуруликаше несфатливо и одеше на прсти. Моите пријателки ме смируваа - ништо, ќе помине и даваа примери за деца кои подоцна проговориле. Но свекрва ми ја загрижи не само отсуството на говор, ами и недостатокот на однос на Лиза кон помалата нејзината сестра, која беше два месеци. Лиза едноставно не ја забележуваше, таа можеше да ја прескокне. Почнав да читам за аутизмот. Едвај ги воздржував солзите кога другите деца на местото покажуваа со прст кон небото и викаа: Види, авион! И тогаш како некој да ми го тргна превезот од очи и ја видов ќерка ми таква каква што е. Дознав дека за две години таа ниту еднаш не ме замоли да ѝ дадам играчка, храна, ниту еднаш не посочи нешто со рачето, не замоли некој да си игра со неа. Сфатив дека Лиза имаше своја омилен рута на плоштадот: патче, скали, замав, патче, скали, замав, патче, скали, замав и така до бесконечност.

Првите месеци по дијагнозата..

Постојано се сомневав во точноста на дијагнозата. Често пишуваат дека шокот кој родителите го доживуваат, сфаќајќи дека нивното дете е аутист е споредлив со оној од загубата на близок човек. Две години си била уверена дека имаш сосема здраво дете, а сега.. Првите месеци беа најтешки: се маткав од една крајност во друга и постојано се сомневав во дијагнозата. Плановите Лиза да стане музичар, правник, уметник.. сето тоа пропадна.

Смирувањето, сознанието, спокојството..

Прошетката и средбите со пријатели кои имаат деца на возраст како Лиза се претворија во кошмар. Одеднаш стана очевидно колку Лиза заостанува зад своите врсници. Децата прашуваа директно: Зошто Лиза не зборува, зошто лелека така, зошто не сака да игра со нас?  Друг кошмар се разговорите со колегите и познатите, со кои комуницирав не толку често. Како да им кажам дека нешто со моето дете не е во ред. Треба ли воопшто? Зборот „аутизам“ се заглавуваше во моето грло. Ми требаше повеќе од една година, за да се помирам, сфатам и смирам. Сега со насмевка можам да одговорам на прашањата на децата, да поразговарам со непознати и да го напишам овој текст. Сега Лиза има пет години, посетува специјално училиште. Зборува малку и несфатливо, иако се разбира говорот на два јазика, смета добро и разликува бои. Многу сака музика и со часови може да игра сцени од Мечо Пух или други детски анимации со фигури од Лего. На прв поглед по ништо не се разликува од своите врсници.

Многу е важно аутизмот да биде забележан порано

Аутизмот е суптилен со тоа што често може да остане незабележан, да се маскира под лошо воспитување, ментална ретардација и дури да не се манифестира до 3-годишна возраст. Ако зависеше од мене јас ќе раздавам брошури за свеста за аутизмот на курсеви за бремени. Ако детето не сака да цица или да се храни од шише. Ако оди на прсти. Ако до 1,5-годишна возраст не кажува ниту еден збор. Ако не прави спонтани гестови. Ако не разбира каде да погледне, кога му кажувате нешто. И уште многу „ако ..“

Работа со деца

Би закачила постер во продавниците и јавниот транспорт: ако видите хистерично бесрамно дете и бледа, растреперена мајка, размислете пред да се вознемирите од нејзината неспособност како родител. Аутизмот, за сега е неизлечив, но неговите манифестации можат да бидат совладани. Помислете дека вие ја набљудувате таа сцена само неколку минути, а оваа мајка се справува со ова секој ден. На децата со аутизам може да им се помогне да се прилагодат на животот. Бидејќи е докажано дека при соодветната поддршка тие може да се обучуваат и да се школуват и да добијат дури високо образование, а потоа да работат. За жал, често сé се сведува на пари..