Како да носите саат во златна боја?

Кога е во прашање купувањето на златен саат, најголемата грешка што можете да ја направите, е да одберете погрешната златна нијанса, посебно доколку вашиот саат го носите во комбинација со накит и други модни аксесоари.

За многу луѓе кои поседуваат златен саат, кога е во прашање неговото носење не станува збор за стил, туку е еден вид социјален статус во општеството. Во раните 80-ти, носењето на златен саат бил главниот статус симбол на сите бизнисмени на Вол стрит.

Овој тренд, денес многумина го пратат, но е тренд кој е препознатлив најмногу кај моќните олигарси, кралската елита и богатите деца од Инстаграм.

На овогодишниот саем  „Baselworld“ за саати и накит, многу брендови ги претставија своите најнови дизајни во златна боја.

Едно е сигурно, дека не е злато се што сјае, па така и самите саати не мора да бидат изработени од чисто злато. Денес, постојат многу поквалитетни материјали како што е нерѓосувачкиот челик, керамика, карбонски влакна и сл., коишто прават еден часовник да изгледа подеднакво атрактивно и скапоцено.

Кога е во прашање купувањето на златен саат, најголемата грешка што можете да ја направите, е да одберете погрешната златна нијанса, посебно доколку вашиот саат го носите во комбинација со накит и други модни аксесоари.

Премногу жолто, може да делува и невкусно, додека бледите тонови на зглобот делуваат сосема невпечатливо.Тајната, е всушност во златната средина. Неопходно е да ја одберете баш онаа златна боја која не свети како знак за казино во Лас Вегас.

Да купите саат од чисто злато, би можело да ве чини цело богатство, па вашата алтернатива се веќе споменатите материјали,и самото позлатување кое се додава на одбрани материјали, со цел да се постигне сјаен ефект. Иако самото позлатување го дава вистинскиот ефект на правото злато, ваквиот тип на часовници се најмалку отпорни на гребнатинки и нивно оштетување.

Да го вклопите златниот саат во вашиот моден стил, е многу лесно од тоа што мислите. Златниот саат, не е моден асесоар којшто се носи само со темно одело или морнарска маичка.Но, морате да внимавате на една многу важна работа, а тоа е да вашиот останат стајлинг биде умерен.

Размислете за комбинација бела маичка, фармерки, ветровка јакна или Оксфорд чевли. Да, златниот саат навистина одлично се комбинира со овие модни парчиња. Златната боја одлично се вклопува со белата, црвената, сива, црна или беж бојата.


Имајте на ум, дека златниот саат најдобро се комбинира со монохроматски комбинации.

Иако, за некои вљубеници во модата да се искомбинира златниот саат со блуза со јак принт, а притоа да се додаде и кожна јакна, сепак се ризикува да целокупнита гардероба изгледа евтино и кич.

Затоа, бидете умерени и одберете саат кој највеќе ви одговара на вашиот моден стил и карактер.