Како да се заштитиме, и со што да се храниме во овие зимски денови на пандемија: Нутриционистот Ивица Јанев за Женски магазин
Риба, јајца, месо, грав, грашок, леѓа, киноа, ориз компир, тиква се основна храна за нашите мускули. Без нив нема енергија за мускулите. Од друга страна дел од овие продукти се богати со железо кое е важно за хемоглобинот и нашиот имунитет воопшто. Вака некако би требало да изгледа менито на секој од нас, секојдневно според советите на моментално најпознатиот нутриционист кај нас Ивица Јанев.
Освен што е познат по неверојатните резултати кои ги остваруваат неговите клиенти, Јанев е и фитнес и бодибилдинг тренер и балкански шампион во бодибилдинг. Долг период живеел и работел во Чикаго, САД, и се образувал во областа на нутриционизмот и личниот тренинг на НАСАМ и ИССА, светски познати и признати универзитети а денес со нашите читатели сподели и кои се трите намирници со кои имунитетот во зима се билда до максимум.
За како да го зајакнеме имунитетот во овие денови на пандемија , како да се заштитиме и со што да се храниме, читате во редовите подолу.
*Постојат голем
број на навики во исхраната кои имаат сосема спротивен ефект врз нашиот
организам и го ослабуваат имунолошкиот систем. Како најдобро да се
заштитиме во овие зимски денови
-Најпрво да нагласам дека најчесто секоја болест од било кој тип не се јавува како причинско-последична врска од денес за утре. Значи е проследна од низа на претходни состојби.
Имуниутетот на нашиот организам се гради уште од нашето детство, па продолжуваме понатаму со нашите навики и нашиот животен стил. Начинот на животот што го живееме го прави јак или слаб нашиот организам и имунитет.
Во овие зимски денови пред се најдобро е да ја прилагодиме облеката на временската состојба. Многу важно и од особено значење е доколку спиеме во ладна соба. Ова е еден вид на бустер на нашиот имунитет, а придонесува кон убав сон.
Храната е клучен фактор за нашиот организам. Постојано е потребно е да се храниме со свежи и здрави намирници кои содржат витамини и минерали, бидејки хранливите вредности внесени преку храна се најважни. Нашето тело не е способно да ги апсорбира сите вредности на витамините кои се содржани во таблетите.
*Колку пробиотиците се клучни за имунитетот во овој момент, во кои намирници ги има најмногу?
-Пробиотикот е особено важен за дигестијата на храната. Тој ја подобрува цревната флора која учествува во варењето на храната. Нашиот дигестивен систем е тесно поврзан со нашиот имунитет. Доколку телото е неспособно да ја вари и апсорбира храната до нашето тело нема да стигаат потребните материи. Од овде произлегува и потребата за пробиотик.
Првата асоцијација за пробиотик одма доаѓа помислата за Јогурт! Но, според мене јаболковиот оцет е незаменлив и е на број 1. Комухата, киселите краставички, киселата зелка се особено значајни извори за пробиотик. Особено последните 2 намирници се вклучени и во нашата подкултура на исхрана особено во зима, па добро е да се консумираат. Да напоменам без чашка ракија за циркулација...бидејки и тоа е дел од нашата подкултура но ракијата ке ја намали способноста на дигестивниот систем за апсорпција.
*Кои три намирници би ги издвоиле како најздрави а го билдаат имунитетот до максимум?
-Лимон
-Ѓумбир
-Цвекло
*Кои намирници според вас како нутриционист треба да се на менито на секој човек секојдневно?
-Најважно е со секој оброк да имаме свежа салата и тоа по можност да биде во сите бои. Кога во салатата ќе преовладуваат различните бои тогаш ќе имаме поголем спектар на витамини и минерали.
Риба, јајца, месо, грав, грашок, леѓа, киноа, ориз компир, тиква се основна храна за нашите мускули. Без нив нема енергија за мускулите. Од друга страна дел од овие продукти се богати со железо кое е важно за хемоглобинот и нашиот имунитет воопшто.
*Можно ли е да ја преземеме контролата врз функцијата на имунолошкиот систем и како?
Секако дека не можеме да превземеме целосната контрола. Но, секако може да придонесеме кон јак имунитет.
1. Физичката активност е клучен фактор за силно и здраво тело, од што произлегува и јак имунитет. Не може да очекуваме јак имунитет само со здрава исхрана без физичка активност. Или како многумина ќе речат јас многу пешачам... да убаво е да се пешачи но со тоа не се иницира мускулна активност. А без мускулна активност нема силно и здраво тело.
2. Здравата исхрана соодветно адаптирана на нашето тело и животен стил особено ќе придонесат за јак имунитет.
-Еве едно прашање од мене до вас -кој ќе има посилен и појак имунитет при ист тип на исхрана, сметководителот, адвокатот или градежниот работник? Сметководителот во својот ден постојано е во седечка позиција и без мала физичка активност. Додека градежниот работник постојано е со физичка активност... стани седни, дигни...начинот на живот директно влијае на нашиот имунитет.
*Здравиот појадок е всушност една од главните бариери меѓу нас и болестите, велат експерти. Избраната храна на почетокот на денот го зајакнува нашиот имунолошки систем, кој потоа подобро се бори против инфекции, вируси, бактерии, настинки…што предлагате Вие за појадок најчесто во работата со вашите клиенти?
-Секој оброк е важен за нашето здравје и имунитет. Постои еден многу здрав начин на исхрана за кој е доделена и Нобелова награда, а не вклучува ран појадок... затоа ќе речам секој оброк е важен. Доколку немаме појадок телото енергијата ќе ја црпи од резервите кои се складирани во масти. Доколку имаме појадок телото енергијата ќе ја црпи од храната што сме ја внесле. Важен е баланкот во исхраната.
Не може Вие наутро да имате убав и здрав појадок а потоа оброк 2 или 3 или 4 да јадеме било што.
Јас на моите клиенти секогаш за појадок или оброк 1 во менито им ставам лесно варлива храна како белки од јајца, овесни снегулки, пченкарни снегулки, некои семки и додатоци во зависност што ни е целта и што треба да подобриме, а секако и каква крвва слика имаат во моментот. Одбирам брзо дигестивна храна се со цел за брзо време да добијат енергија од тоа што го јаделе. Но, понекогаш моите клиенти и се без храна и од 14 до 16 саати од последниот оброк. Се тоа зависи од низа на фактори кај клиентот, кој може да биде од 7 до 70 години....
*Кои се навиките кои го слабеат имунитетот посебно во зима? Кои се алармантните знаци дека имунолошкиот систем е загрозен?
-Истите навики го слабеат организмот и во лето и во зима. Во зима честопати нивото на течности ни е многу ниско, истотака честопати забораваме на одредени видови на храна кои изобилуваат со здрави хранливи вредности, а честопати посегнуваме по брза храна која е богата со калории а слаба со потребните вредности за организамот.
-Пад на енергијата, нивото на стрес на високо ниво, главоболки, проблеми со стомак, болки во стомак, појава на херпеси, чести настинки, чести инфекции, протекување на крв од нос... се знаци на слаб имунитет.
*Можеш ли да споделиш со нашите читатели некој рецепт, или нешто што Вие го практикувате секојдневно во овие зимски денови?
-Во моите рутински активности за подобрување на имунитетот имам имплементирано една навика која ја практикувам со години. Домашен Јаболков оцет 50мл на гладно... не звучи вкусно и кисело е, но потоа пак цел ден ни е благ. Јаболковиот оцет има многу корисни состојки и затоа го препорачувам на секој.
*Колку состојбата на имунолошкиот систем е одлучувачка во борбата со вирусот Ковид-19, но и во борбата против сите други инфекции, кои се присутни во зимскиот период, како што е сезонскиот грип?
Нашиот имунитет е број 1 во борбата со сите болести, а особено со ковид. На оваа тема нема дискусија ова е теорема која е потврдена и докажана.
*Освен пандемијата што не зафати, на сите веќе им е јасно дека современиот начин на живот влијае и на зголемените потреби за минерали и витамини.
Прашањето е што можеме да направиме сами?
-Најважно е да се постави еден балансиран начин на живот со соодветна здрава исхрана и соодветна физичка активност. Но најчесто што и да направиме ако не е по препорака од професионално лице може да направиме грешка или нашиот труд да биде залуден. Што во овие наши простори е чест пример. Многумина ќе настапат со став ЈАС се хранам здраво, а не ни знаат што е здраво.
*Има ли стресната состојба влијание врз имунитетот?
-Стерсот е клучен фактор за појава на многу болести. Стресот делува на многу процеси кои се случуваат во оваа наша сложена машина –човечко тело.
Знаеме сами дека доколку сме по некој голем страв или доколку сме исплашени веднаш ни се јавува потреба да одиме во тоалет... тоа ни покажува како стресот делува на дигестивниот систем и како одма го забрзува... ова е еден пример за пластично да разбереме како стресот делува на нас.
Кога имаме постојано покачени нивоа на стрес тогаш имаме намален фокус, имаме често и главоболки, пад на енергијата, немаме убав сон... а се ова влијае на намалување на нашиот имунитет...
Од друга страна имаме и еден друг позитивен стрес предизвикан со физичка активност кој пак придонесува за јакнење на нашиот организам.
Одлуката за живот е оставена на нас. Може да се храниме здраво и да имаме соодветна физичка активност и да си приодонесеме кон високи нивоа на енергија, силно тело и секогаш млад и јак дух....а може да одбереме чашка алкохол и да уживаме пред ТВ мислејки дека се релаксираме, а нивоата на стрес во организамот одат до највисоки нивоа што може...
НАПРАВЕТЕ ГО ОВОЈ ЕКСПЕРИМЕНТ ДОМА -да се напиеме неколку чашки алкохол, може жестоко, може црвено вино, така релаксирани пред ТВ си уживаме...па после 30-40мин да измериме крвен притисок и пулс... со тоа што ќе утвредиме со мерењето се надевам ќе не научи на лекција.
Ирена Ставрова