КАКО ДА СЕ ЗАТВОРИЛЕ ТРИ ГОЛЕМИ ФАБРИКИ: За три месеци без работа останаа над 15 илјади луѓе

Само за три месеци поради корона кризата во земјава останале без работа над 15 илјади граѓани од земјава.

Ова го покажуваат најновите податоци што ги објави Агенцијата за вработување.

Според овие бројки, на крајот на мај годинава во земјава имало 121.187 невработени лица, што е повеќе за 15.371 граѓани во однос на крајот на февруари годинава.

Ако се гледа по месеци, во мај без работа останале над шест илјади граѓани, или прецизно 6.425 лица.

Тоа е само малку помала бројка од граѓаните кои останале без работа во април, кога како невработени во Агенцијатасе пријавиле 7.030 граѓани од земјава.

А трендот на раст на невработените почнал уште од февруари.

Какви биле бројките во март, прочитајте на Фактор.мк