(ВИДЕО) Како деца се радувавме на јајца со лепенки: Влатко Лозаноски велигденски за Женски Магазин

Миленикот на македонската публика, Влатко Лозаноски специјално за читателите на Женски Магазин, сподели како му поминува денешниот празник Велигден, а сподели и посебна честитка.

Лозано откри дека овој Велигден ќе го помине во Кичево, во домашна атмосфера, иако, вели тој, дека ако не беше таква ситуацијата, викендот ќе беше работен.
„Имавме договорено четири концерти по повод Велигденски празници, но за жал со оглед на состојбата, ќе чекаме подобри денови за музика и забава.“

Влатче неодамна се пофали и со нова карантинска фризура - како што тој ја нарече.


„Како деца не ги разбиравме работите како возрасните, едноставно се препуштавме конкретно само на забава и ги користевме сите достапни моментални ресурси.“
Лозано се сеќава дека како дете Велигденските празници ги минувал со роднините, пријателите, радувајќи се на кршењето на вапцани јајца - „ако беа во друга боја или ако имаше лепенки на нив, радоста беше уште поголема“ - вели тој.

На читателките на Женски Магазин, Лозано им посакува во следниот период да бидат истрајни, трпеливи и да си останат мили, убави, прекрасни.
„Христос Воскресе, за многу години нека ни е празникот“ - додаде за крај.

Лозано и неговата екипа пред неколку дена направија и преработка на хитот „Километри“, снимено во домашни услови, а звучи подобро од било кога.

Уживајте:


*Д.Караташова