Како Делчево стана Гевгелија на истокот: Што прават Бугарите секоја сабота во Македонија?
Купуваат овошје и зеленчук, други прехранбени производи, но и овде ги средуваат забите, фризурите, седнуваат во кафеана. Сабота е ден кога Делчево станува претесено за жителите на бугарскиот град Благоевград, но и Софија. Како Гевгелија на југот, која ги пречекува Грците од северниот дел на Грција. Се наоѓаат на 15 километри оддалеченост и ако порано Македонците полнеле автомобили во Бугарија сега тоа е обратно. Практиката почнала од поодамна, но сега добива на интензитет.
Тезгите се поставени уште во 9 часот
„За нас е добро што нема европски стандарди и забрани. Луѓето тука не се богати, но и не се посиромашни од нас. Секогаш се насмеани и позитивно настроени. Има некакво спокојство и ние, Бугарите, чувствуваме тука носталгичност кон едно минато време“, ни раскажува Бојчо Стојанов од Благоевград, кој честопати доаѓа во Делчево.
Прво поминува низ зеленчуковата берза, а потоа седнува со пријателите да касне плескавица или стек во најпопуларната меѓу Бугарите кафеана „Трла“. Таму соседите од Бугарија плаќаат и со левови.
Повеќе на Фактор.мк