Како до ефикасна работа од дома: Вивендум Ратио Солушнс со бесплатни обуки за компаниите

Платформа со која компаниите ќе можат да продолжат со активностите и со обуките за вработените и развојот и тоа он лајн изработи домашната компанија Вивендум Ратио Солушнс. Платформата, дополнително за сите фирми за време на вонредната состојба ќе биде достапна бесплатно. Од Вивендум за Фактор велат дека со оглед на тоа што дојде тешко време за компаниите, а нивен компаниски императив е позитивно да влијаат во општеството, одлучиле на ваков начин да ги помогнат домашните фирми. Впрочем направена е персонализација на LMS (learning management system) платформа и почнувајќи од 10 Април на компаниите ќе им се нуди поддршка во обуките „Раководење со виртуелни тимови“ и фасилитирање на програми за ориентација на нововработени.

„Причината зошто ги избравме овие области лежи во најголемите предизвици со кои компаниите се соочуваат денеска, а тоа се организација на работа со вработени кои работат од дома без намалување на ефикасност и ефективност во работењето и организација на програма за ориентација на нововработени (особено обуките кои се уредени со закон како на пример безбедност и здравје при работа, во услови кога има забрана за собирање на група на луѓе и потреба од физичко дистанцирање), вели Наташа Алексовска, основач и бизнис консултант во Вивендум Ратио Солушнс.


Таа како долгогодишен експерт за човечки ресурси вели дека поголемиот дел од менаџерските вештини потребни за раководење на луѓе во канцеларија се потребни и за раководење на виртуелни тимови. Сепак, за ефективно раководење со виртуелни тимови потребно е да се креира план на активности со соодветна фреквенција и соодветна комуникација во вистинско време.

Преку оваа обука за што се‘ ќе имаат можност учесниците, прочитајте на Фактор.