КАКО ДО ФИГУРА ОД СОНИШТАТА?!
Сите ја посакуваме ФИГУРАТА ОД СОНИШТАТА, но не секогаш ни се омилени средствата и методите кои се потребни да ја постигнеме нашата цел. Понекогаш мораме да практикуваме модел на тренинг кој не ни се допаѓа, ни создава одбивност. Но постојат и тренинзи кои создаваат такво задоволство кај оние кои што ги практикуваат што вежбачите едвај чекаат да дојде следниот тренинг. Таков модел на тренинг е супер
Како резултат на целиот живот поминат со спорт и практикувајќи и тестирајќи многу модели на тренинзи, увидов дека секој од нив има свои предности и недостатоци. Затоа одлучив да моделирам тренинг кој е микс од елементи од повеќе атрактивни модели на тренинзи и кој ќе се надградува и еволуира од година во година и ќе дава сѐ подобри резултати.
Кај ЕКСТРИМ ФИТ вежбите, интензитетот на работа се движи од низок, умерен, до висок. Како додаток на програмата се и ХАРДКОР тренинзите на кои се работи со ултра висок интензитет. Ова е супер привлечен фит систем на кој дел од вежбите се изведуваат во ритамот на музиката и кој содржи комбинации од удари, движења, разни видови на чекори ангажирајќи ги мускулите од целото тело. Целта е да се подобри здравјето, физичката кондиција и оформување на телото.
Со оваа активност се тонираат и дефинираат мускулите и се подобрува нивната издржливост, флексибилност, координација, а сѐ со цел да се дојде до подобар физички изглед, подобро расположение, но пред сѐ во функција на одржување на добра психофизичка и здравствена состојба.
ЕКСТРИМ ФИТ е комплетна активност која нуди многу повеќе од обичните тренинзи за сoгорување на калории и масти. Вежбите можете да ги изведувате следејќи свој ритам и во рамките на своите можности. Бидејќи се изведува на музика забавата е многу поголема. Создавате добро тело забавувајќи се.Почетниците
ги советувам да не се форсираат премногу на првите тренинзи, а како расте
нивната физичка издржливост, така ќе го зголемуваат интензитетот на тренингот.
Ако се изморите многу брзо НЕ СЕ
ОБЕСХРАБРУВАЈТЕ, само со упорност ќе ја достигнете целта која што сте си ја поставиле!!! Целата идеја
на ЕКСТРИМ ФИТ е да ги максимизира придобивките вклучувајќи го целото тело во
оваа физичка активност. ЕКСТРИМ ФИТ
комплексот на вежби води до екстремен ефект во тонирањето и дефинирањето на
целото тело, а вежбањето на овој супер
атрактивен модел на тренинг ќе придонесе да изгледате подобро, да се
чувствувате подобро а со самото тоа вашата самодоверба ќе се подигне на многу
високо ниво. Тоа е прекрасна физичка активност за мажи и жени од сите возрасти,
Кога еднаш ќе го
пробате НИКОГАШ нема да се „ВЕЖБАЈТЕ ЕКСТРИМ ФИТ И ОФОРМЕТЕ ЈА ФИГУРАТА ОД
СОНИШТАТА“
благодарејќи на која прогресот се гледа од тренинг во тренинг.
навратите на нешто друго.
Поради големиот број прашања што сум ги добивал во текот на кариерата, во сферата на спортот,рекреативното вежбање,мотивацијата, исхраната, итн., одлучив да го споделам моето знаење и искуство во колумна и во авторска книга во издание на Просветно дело. Доколку имате дилеми и прашања поврзани со темата истите може да ги пратите на нашите социјални профили, а дел од поставените прашања ќе бидат одговорени во самата книга.
*Авторот, спортист и тренер, проф. Лазар Иванов, креатор на супер ефикасната фит програма ЕКСТРИМ ФИТ, целиот свој живот го посветил на вежбањето и здравјето. Неговите тренинзи досега ги практикувале десетици илјади рекреативци и спортисти. Текстовите се извадок од неговото богато искуство во спортот и спортската рекреација. Текстовите извираат од личните искуства како вежбач-ученик, спортист, тренер кој научил многу од своите ментори, од личните спортски искуства, но секојдневно учи и од своите вежбачи. Тренер кој никогаш нема да прекине да учи и да го пренесува наученото.
Проф. Лазар Иванов, професионален тренер по Микс Аеробик и Фитнес
Сите права се задржани