Како дошло до името Констракта и зошто пее за косата на Меган Маркл: Евровизиската претставничка на Србија ги разреши мистериите

Добивај вести на Viber

Вчеравечер Србија го одбра својот претставник за Евровозија...

По жестоката борба во финалето на „Песна за Евровозија“, Констракта, односно Ана Ѓуриќ ја однесе победата и ја доби титулата претставник на Србија на претстојната Евровизија, која ќе се одржува во Торино, Италија.

Иако изминатите неколку месеци не беше помеѓу фаворите, по првото претставување во четвртокот вечер работите се променија и во финалето Констракта доби највисок број на гласови од жирито, но и од публиката. Социјалните мрежи „полудеа“ по нејзиното миење на раце - што беше дел од перформансот кој можевме да го видиме на сцена, потоа се пишуваше за нејзиното име, но исто така сите почнаа да се прашуваат зошто во „In Corpore Sano“ се пее за косата на Меган Маркл.


Сега е време да ви ги разрешиме сите мистерии, кои кружеа на социјалните мрежи, но по ред - ќе почнеме од уметничкото име, а ќе завршиме со мајчинството.

Во една прилика пејачката и самата ја откри тајната на нејзиното уметничко име. Некогашната „дива од Земља грува“ за српските медиуми откри што значи псевдонимот кој го користи - рационално и емотивно во едно име.

Архитектка по професија и мајка на две деца, ќерката Лена и синот Никола, го „искористи“ името на познатата актерка и војвотка, бидејќи и покрај бројните шпекулации сите велат дека има убава коса и ништо повеќе.

„Одлучив во песната да ја споменам Меган Маркл, бидејќи медиумите пишуваат дека има убава коса... Има поубава коса и од Кејт Мидлтон, да не се лажеме. Кејт има убави шешири, а Меган има убава коса. И Меган е прогонета, а ние ги поддржуваме прогонетите луѓе“ - објасни евровизиската претставничка, а пренесува „Курир“.

Од друга страна, во едно интервју исто така за спрските медиуми, зборуваше за една од нејзините најважни улоги во животот - мајчинството.

„Во досегашното скромно искуство, имаше ситуации во кои се прашаував - дали ова е неговиот / нејзиниот карактер или е само фаза? Дали погрешно сум реагирала, без да ја разберам нивната потреба, и сега сѐ отиде по ѓаволите, имам ли погрешно нешто?

А, тој страв се пренесува и на децата, влијае на нивната самодоверба. Бидејќи децата не се непознати битија од друга планета, мали манипулатори или маса која ќе ја обликуваме и слично. Работата е многу едноставна, само доколку ја сфатиме сериозно и ги почитуваме нивните потреби.

Значи, жал ми е за секоја ситуација во која мојот страв ги надвладеа потребите на моето дете“ - има изјави Констракта за порталот „Буди кева“ пред неколку години.

Финалната вечер од „Песна за Евровизија“ на Србија, може да го погледнете во продолжение:


фото: Принтскрин / Јутјуб