Како е можно да не стареат: Тие ги „замрзнаа“ лицата природно

Убавината е минлива и менлива, но таа може да трае. Најчесто е во гените, а денес може и да се „купи“. Сепак, постојат природни убавици на кои годините не им можат ништо. Стареат достоинствно, ама споро. И тоа е реткост. Такви се и поп дивата Калиопи, водителката Миланка Рашик и манекенката и водителка Светлана Црнокрак. Трите ја ситнат педесетката, а изгледаат како да имаат 30 години. Сосема се природни. Тајната веројатно и кај нив е во гените, а евидентно е дека се негуваат.

Калиопи има младешки изглед и таков дух. Не запира на 53 години. Има карактеристични црти на лицето кои во целост ѝ се зачувани и лице кое нема брчки. Како да ја пронашла формилата за вечна младост.

Миланка Рашиќ со нејзината руска убавина освојува каде и да се појави. Продорен поглед, кристално лице без брчки, порцелански тен. Како да е во своите дваесетти.

*Фото:  Даниел Стојаноски

Светлана Црнокрак има руски гени толку силни што не и дозволуваат да старее. Таа е олицетворение на жена од 21 век. Негувана, со остри црти на лицето, едноставно восхитува.

Фото: Oфцијални профили на Фејсбук

Р.Ж.М.