Како е можно некогаш најпосакуваниот модел да изгледа вака: Додека нејзината ќерка блеска, Кејт Мос е фатена без трошка шминка, а луѓето се згрозени од нејзиниот изглед

Фото: Profimedia


Поранешната манекенка Кејт Мос беше фатена во шопинг со ќерката Лила Грејс во Лондон. А судејќи по фотографиите, 48-годишната Кејт не се откажала од својата долгогодишна навика и зависност од цигари.

И додека познатата русокоса не ја испушташе цигарата, нејзината ќерка гордо го покажа своето згодно тело пред фотографите. Во интервју за магазинот „The Kit“, Лила еднаш ја откри својата здравствена состојба, за која се верува дека е предизвикана од комбинација на генетски предиспозиции и начин на живот.

Фото: Profimedia

„Мислам дека многу луѓе не знаат дека имам дијабетес. Тоа не е болест што ја гледате на прв поглед, така што никој не знае додека јас самата не кажам за тоа. Имам тип еден. Без пумпа, не би била жива“, изјави Лила, која е и модел, а нејзината пумпа често може да се види на модните писти.

Фото: Profimedia


И додека во оваа прилика Лила изгледаше феноменално во бело-кафена комбинација, истото не може да се каже за нејзината мајка, па под фотографиите кои стигнаа до странските портали се следните коментари:

Фото: Profimedia


„Како да остаре преку ноќ“, „Како е можно од некогаш најпосакувана манекенка да се прерасне во ова“, „Ќерката е преслатка, но што е со Кејт“, „Па, му дава убав пример на детето „

Што вие мислите, дали Кејт Мос навистина „пропадна“?

Извор: zena.blic.rs