Како го киднапираа синот на Лепа Брена и Боба: Детали за страшниот настан од пред две децении кој остави длабока лузна во животите на семејството

Поминаа точно 21 година од страшниот настан што ги снајде Лепа Брена и Бобо Живојиновиќ.

Пред две децении, на 23 ноември 2000 година, се случи настан за кој со неверување зборуваше цела Србија у регионот - киднапиран е Стефан Живојиновиќ, синот на пејачката Лепа Брена и тенисерот Слободан Бобо Живојиновиќ.

Една од најголемите трауми во животот на еден од најпознатите српски парови, медиумите ја проследија преку текст кој гласеше:

- Осумгодишниот син на познатата брачна двојка, Стефан, вчера е киднапиран пред нивната семејна куќа на Бежанијска коса. Утре истекува ултиматумот на киднаперите. Она што најчесто го гледавме само на филмското платно, се случило недалеку од куќата на Бежанијска коса во која живее семејството Живојиновиќ - беше наведено тогаш во Новости.рс.

-Брена отиде кај фризер, кој е во нивното маало. Со неа отишол и малиот Стефан (8,5 години). Сепак, тој се вратил во куќата за да ги земе ролерите, а мајка му продолжила во салонот. Набргу потоа Стефан бил киднапиран на улицата – пишувало во печатеното издание на Новости.

Брена еднаш отворено проговори за сите детали од ова непријатно искуство за хрватскиот портал 24sata.hr, откривајќи дека целиот инцидент започнал во 2000 година, кога одеднаш добила порака која им ја замрзнала крвта во вените.

-Господине и госпоѓа Живојиновиќ, со нас е и вашиот син Стефан. Ќе се однесуваме хумано со него се додека сте вие коректни со нас. Нема да му недостига влакно од глава – пишувало во морничавата порака на киднаперите кои го киднапираа тогаш малиот Стефан.

Оваа порака трајно го промени животот на семејството Живојиновиќ во кои веднаш се пресели длабока болка и неискажлив страв. Додека чекале дополнителни инструкции од киднаперите, живееле во постојана неизвесност - пет дена не знаеле дали Стефан е жив или мртов. Само пет дена по киднапирањето стигнала уште една порака, а Брена дури години подоцна одлучи отворено да проговори за сите детали.

- Ни кажаа дека Стефан може да го „купиме“ на два начина. Жив за 2,5 милиони тогашни германски марки или мртов за пет милиони. Рекоа и дека во случај на непослушност ќе ни испратат дел по дел од телото на Стефан - изјави Брена.

Ги предупредиле и Брена и Бобо да не се јавуваат во полиција и им дале два дена да соберат пари. Тие им нагласиле да не го одложуваат плаќањето. Се заканиле дека за секој ден доцнење ќе има еден прст помалку на раката на Стефан, а доколку не одговорат и по 10 дена, ќе можат да си го купат само мртвото дете.

Семејството Живојиновиќ не губеше време, па веднаш тргнаа во потрага по пари и набрзо го вратија Стефан дома. Брена вели дека не може да разбере како до ден денес не се открило кој им го подготвил овој кошмар.

- Сите киднапирања се разоткриени, но не е утврдено кој го направи тоа на моето дете. После тоа веќе не се плашам од ништо. Секако дека денеска имам обезбедување, тоа се професионални луѓе кои не ги приметувате, но точно знаат што треба да направат во кој момент – истакна пејачката.

Таа не сакаше да зборува за начинот на кој им е вратен Стефан, но медиумите шпекулираа за дури пет верзии на неговото ослободување. Според првата, дома го донел таксист откако киднаперите го оставиле на Калемегдан откако им ги предале парите. Друга приказна вели дека момчето било предадено на пејачката која била на мета на снајперот, додека Боба парите им ги предавал на киднаперите во Нов Белград. Третата верзија е дека Брена била мета на снајпер на автопатот Ниш, од каде го зеле син им.

Некои медиуми шпекулираа дека примопредавањето на парите и детето се случило во околината на Дубровник. Според петтата верзија, Брена била паркирана на автопат, нејзиниот сопруг ги оставил парите на договорената локација, а киднаперите го оставиле Стефан бос на Калемегдан.

Стефан денес е среќен и остварен млад човек, кој тргна по музичките стапки, како мајка му, а целото семејство ужива во благодетите на животот, но овој трагичен настан засекогаш оставил трага и длабоки рани на нивните душите, суштински менувајќи ги.

-Откако мојот син беше киднапиран, веќе ништо материјално не ми смета. Не ми е гајле за ништо што може да се купи со пари – заклучила Брена.

Стефан денеска вели дека прашањата за киднапирањето не му пречат и дека му е „драго“ што тоа му се случило, бидејќи многу повеќе цени некои работи, а на прашањето дали тоа за него било трауматично искуство, пејачот кратко рекол:

- Тогаш да, сега не е!

Па сега, на прашањата за киднапирањето понекогаш одговара со шега.


извор:objektiv.rs

Не би погодиле: Вистинските имиња на синовите на Лепа Брена