Како Интернет рекламирањето ја промени индустријата за онлајн игри
Деновите кога рекламирањето се одвиваше исклучиво преку радио, печатени медиуми и телевизија е одамна поминато. Во последниве две децении, традиционалните начини на комуникација со потрошувачите имаат силна конкуренција во интернетот.
Интернет рекламирањето покажа одлични резултати. Тоа им овозможува на оние кои ги рекламираат своите производи и услуги полесно да допрат до луѓето кои имаат вистински интерес за нивната понуда. Секако, тука спаѓаат и компаниите кои припаѓаат на индустријата за онлајн игри.
Кога зборуваме за оваа индустрија, треба да споменеме дека таа опфаќа широк спектар на видови и подвидови игри. Сепак, кога зборуваме за него, најчесто се мисли на онлајн казино игрите.
Па така, на пример, VLT уредите кои се создадени за да прикажуваат слот игри се едни од најчесто спомнуваните во Македонија кога се работи за интернет рекламирање. Секако, ваквите слот игри се достапни во физичка, но и во онлајн форма.
За да дознаете повеќе за тоа какви влијанија има интернет рекламирањето и како ја менува индустријата за онлајн игри, ве покануваме да го прочитате овој наш текст до самиот крај.
Зголемена пристапност и видливост
Најпрво, да започнеме со очигледното. Интернет рекламирањето ги направи онлајн игрите попристапни и видливи за поширок круг на луѓе. Ваквите реклами без вистинска реткост во времето кога телевизијата беше главен начин на рекламирање на игри. Секако, има и перфектна логика онлајн игрите да се рекламираат на интернет односно на местото каде што се играат.
Со помош на рекламите на социјалните мрежи како Фејсбук, Твитер (по ново Икс) и Инстаграм, производителите на онлајн игри како и оние кои овозможуваат играње на истите го зголемија опсегот на индустријата. Истото важи и за рекламите на популарните веб пребарувачи како Гугл и Бинг како и за останатите дигитални платформи кои дозволуваат рекламирање.
На овој начин, стана многу полесно за потенцијалните корисници да откријат и користат онлајн сервиси за играње.
Таргетиран маркетинг
Уште една работа која му овозможи на овој вид на рекламирање да влијае врз индустријата за онлајн игри е таргетираниот маркетинг. На пример, на овој начин, компаниите фокусирани на онлајн коцкање, како на пример онлајн казината, можат да целат кон одредена демографија и кориснички групи со пораки скроени токму за таа публика.
Ова е особено важно поради специфичната природа на оваа активност. Се разбира, сите знаеме дека коцкањето во било која форма не е дозволено за лица под 18 години. Доколку ваквото рекламирање се одвива на телевизија, тоа би имало предупредување на крај. Во некои земји ваквите реклами се забранети. Сето тоа функционира поинаку на интернет.
Со таргетираниот пристап, се зголемува ефикасноста на рекламните кампањи. Како резултат на тоа, може да се очекуваат повисоки стапки на конверзии односно претворање на заинтересирани корисници во реални корисници.
Мобилно рекламирање
Во последниве неколку години станавме сведоци на моќта на мобилниот интернет. Се поголем број луѓе поминуваат повеќе време на интернет на своите паметни телефони или таблети отколку на десктоп компјутер или лаптоп.
Ваквите статистики секако влијае врз интернет рекламирањето преку зголемување на бројот на мобилно рекламирање за онлајн игри. Мобилните реклами можат да стигнат до корисниците дури и кога тие се во движење. Наместо да чекаат корисникот да ја види рекламната порака кога ќе седне на компјутер, компаниите тоа го прават додека тој се движи од едно место во друго, додека е на одмор, додека пазари итн.
Со други зборови, мобилното рекламирање им овозможува поврзување во секое време и на секое место без никакви ограничувања.
Можеби затоа, многу казино сајтови кои нудат онлајн игри, создаваат и специјални бонуси за добредојде, но и за постоечки играчи, кои се достапни ексклузивно преку мобилни уреди.
Рекламирање на социјални мрежи
Уште едно влијание на интернет рекламирањето во однос на индустријата за онлајн игри е и она поврзано со рекламирање на социјалните мрежи. Веќе споменавме дека најпопуларните социјални мрежи како Фејсбук, Икс (Твитер), Инстаграм и ЈуТуб имаат милиони активни корисници.
Тоа ги прави социјалните платформи голем играч во светот на интернет рекламирањето. Затоа, на пример, се повеќе онлајн компании за коцкање користат реклами на социјалните мрежи. Така тие добиваат пристап до голем број на корисници кои би сакале да пробаат ваква активност.
Тоа што го прави ваквиот маркетинг малку поинаков е можноста за користење на разни форми на презентација на онлајн игрите и останатите производи. На пример, повеќето социјални мрежи ви дозволуваат преноси во живо. Сите ќе се согласиме дека ова може да биде моќна алатка доколку се користи на правилен начин.
Исто така, треба да го споменеме и маркетингот со инфлуенсери. За одредена сума или по друг основ, инфлуенсерите можат да го промовираат брендот кој е заинтересиран за таква соработка. Постојат и многу гејмери инфлуенсери кои ќе му дадат уште поголема тежина на ваквото рекламирање.
Интерактивни реклами
За крај, да ги споменеме и интерактивните реклами како интернет алатка за рекламирање со огромно влијание врз индустријата за онлајн игри.
Имено, статичките банер реклами кои се користат во многу онлајн казина, полека стануваат неефикасни и застарени. Модерните казино сајтови со најдобри онлајн игри се повеќе создаваат впечатливи видео реклами. Се работи за кратки видео реклами од висок квалитет кои изгледаат привлечно и возбудливо.
Дополнително, некои од нив веќе тестираат интерактивни видео реклами. Во овој случај, имаме еден вид демо игри каде самата реклама им остава на интернет корисниците да изберат, на пример, рулет бројка и да видат каде ќе застане топчето на крајот од рекламата.
Сите овие активности ја зголемуваат возбудата и практично ги привлекуваат играчите да проверат што можат да добијат од игрите.
*Пр објава