Како изгледа станот кога ќе потрошите 100.000 евра за реновирање: Србинка го покажа секој детал од својот нов луксузен дом

Српската пејачка Каја Остојиќ два месеци работела на средување на станот, а сега гордо го покажа секој детал.

Пејачката Каја Остојиќ почна да живее заедно со својот избраник, хрватскиот фудбалер Матео Павловиќ. Вљубениот пар неодамна се вселиле во прекрасен стан, а пејачката наводно потрошила 100.000 евра за негово реновирање и декорирање.

Зградата во која е сместено нивното ново љубовно гнездо има вековна традиција и датира од 18 век. А истата наликува на вистински замок. Каја реши да го сними секој детал од својот дом, а на Инстаграм се пофали со неговиот изглед.

- По два месеци конечно. Мислам, кај мене ништо не е конечно, така што секогаш ќе има некои детали и промени, но сега може да се каже дека пристигна и последното парче мебел што го порачав.

View this post on Instagram

A post shared by K A Y A (@kaya_ostojic)


Кога ќе помислам на овие кутии, ми се гади! И тоа што влеговме во станот без плакар, а ние двајца со нашите 2774467533 кутии за гардероба. Не се знае кој е полуд, но еве, успешно го доведов ова до крај. Да ме видевте како монтирам, ќе се гордеете со мене и ќе ме сакавте барем малку повеќе - изјави Каја.

View this post on Instagram

A post shared by K A Y A (@kaya_ostojic)


Реакциите на нејзините следбеници беа поделени, но пејачката доби пофалби за нејзината работа.

Да потсетиме, Каја во интервју за Блиц откри детали за новиот дом, како и за односот со партнерот, но и за начинот на кој сега заработува.

- Се преселивме во едно многу убаво гратче во близина на Париз, а зградата во која го зедовме станот има вековна приказна зад себе. Имено, таа била изградена во 18 век и тогаш имало армиска зграда и мала капела, која се уште е таму.

View this post on Instagram

A post shared by K A Y A (@kaya_ostojic)


Пред неколку години беше реконструирана во станбена зграда притоа задржувајќи ја таа естетика. Штом ја видов сакав да живеам токму таму и двајцата веднаш се согласивме дека ќе биде така - рекла Каја.

- Точно е дека во последно време погодив неколку спонзорства од кои имав навистина пристоен финансиски надомест кој ми ги покрива трошоците, но факт е дека не ми беше лесно во последните неколку години.

Факт е дека јас не сум премногу зафатена со својот Инстаграм, па затоа сум прилично среќна со тоа - откри пејачката. Како изгледа новиот стан на Каја, погледнете во ГАЛЕРИЈАТА: