Како Кетрин Зита Џонс на доделувањето на БАФТА наградите одржа лекција по стил (ФОТО)
Кетрин Зита Џонс беше една од ѕвездите на БАФТА наградите во Лондон.
Овогодинешните БАФТА награди ги надминаа очекувањата. Сите познати личности се потрудија да ги оправдаат своите ѕвездени титули, па имавме вистинска промоција на елегантни и оригинални фустани на црвениот тепих.
Една од победниците на вечерта во секоја смисла беше Кејт Бланшет, која ја доби наградата за најдобра актерка, но шармираше и со своето модно издание.
Меѓутоа, освен неа, на црвениот тепих се појави и славната Кетрин Зита Џонс која позираше во златна и виолетова креација.
Таа за овогодинешната награда избра софистицирано и одмерено издание, а се потруди шминката да ја усогласи со виолетовата нијанса на фустанот. Кетрин прошета во дводелен фустан, чиј горен дел се состои од светки и виолетова боја, додека подоцна се прелива во жолта со златен одраз и голем топ во иста боја.
Фустанот исто така беше проѕирен, а еден од деталите беше необичното деколте и прерамките на само едното рамо. Актерката за оваа прилика направила бранови во косата и ги помести на едната страна, за горниот дел од фустанот да дојде што повеќе до израз.
Да потсетиме, Кетрин блесна пред неколку дена на друг настан, каде гордо прошета заедно со сопругот Мајкл Даглас и покажа дека нивната врска се уште е нераскинлива.
ФОТО: Инстаграм screenshot