Како мало дете кое е лишено од детството: Калиопи со трогателни зборови за вечното заминување на Балашевиќ

Веста за неговата смрт ја дочека во Белград, Калиопи не може да ја сокрие својата тага.

Пејачката Калиопи не ја крие тагата што кантавторот Ѓорѓе Балашевиќ нè напушти прерано, па со трогателни зборови се прости од него, а публиката остана во солзи од нејзините зборови.

„Си отиде уште една човечка величина, овој пат крунисана со вистинитоста на стиховите што засекогаш ќе сведочат за него, за нас и за нашите животи... Во неверување ја примив веста за вечното заминување на Балашевиќ... збунето. Како мало дете кое е лишено од детството.. Тој беше дел од мојата младост, моето растење, стекнување мудрост, поет на кој му верував“- рече пејачката за Курир и додаде:

„Веста ја дознав во Белград... И таму ќе се збогувам со него. Во земјата што ни го даде на нас... на сите нас... Македонија отсекогаш го сакала, а тој исто така ги сакал своите Македонци. Многу сум тажна, но и бескрајно благодарна што живеев во негово време. Се поклонувам на неговата поетска душа, која сега патува до вечноста“.

Калиопи сподели фотографија под која ги цитираше стиховите од неговата песна „Напослетку“.


извор:GLOSSY

Поврзани вести:
-(ГАЛЕРИЈА) Скопје тагува за Балашевиќ: Збогум од „твојата“ Универзална
-Каков татко би бил ако не ги исполнам твоите желби сине, еве ја Северина: Пејачката со емотивна објава се прости од Балашевиќ
-Ја избричи главата и се истетовира за неа: Балашевиќ за ќерка му, кога таа беше на работ на смртта