Како најлесно да внесете протеини во исхраната на вашите деца?
Сигурноста дека вашите деца имаат балансирана исхрана е важен дел од нивниот раст и развој. Една од основните компоненти во исхраната се протеините и веројатно често се прашувате дали вашето дете ги внесува доволно.
Протеините играат суштинска улога во многу телесни функции, вклучително и закрепнување и обновување на ткивата во мускулите, кожата, органите, крвта, косата и ноктите. Децата кои не внесуваат доволно протеини се склони кон здравствени проблеми како што е заморот, слаба концентрација која и тоа како е потребна доколку се од училишна возраст, забавен раст, болка во коските и зглобовите, одложено заздравување на раните и намален имунолошки одговор. Човечкиот организам може сам да произведе 11 од 20те аминокиселини кои понатаму ги создаваат протеините, а остатокот доаѓа од храната. Токму преку храната можете да го пронајдете решението за да го дополните недостатокот на протеини кај децата.
Пилешкото месо е еден од најдобрите извори на протеини. И иако кај поголем дел од децата е омилено, кај некои е потешко да се внесат протеини преку него. Па затоа, во прилог предлагаме неколку интересни начини за подготовка на пилешкото месо кои гарантираме дека ќе изнудат насмевка кај вашите деца и секако ќе го надополнат недостатокот од протеини.
Мафини со морков и пилешко:
За овие вкусни мафини потребни ви се 1 чаша рендан морков, 1 големо мелено чешне лук, 1/3 чаша брашно од бадем, 1/3 шолја рендан пармезан или рендан кашкавал, 1 лажица сечкан свеж магдонос, 1 големо изматено јајце, 1/2 чаша варено мелено пилешко, сол и црн пипер. Загрејте ја рерната на 400 степени. Во средна чинија, ставете го ренданиот морков, лукот, брашното, кашкавалот, магдоносот, јајцето, пилешкото и зачинете со сол и црн пипер и соединете ја целата смеса. Поделете ја смесата во калапи за мафини (од смесата треба да излезат најмалку 6 мафини). Печете 20 минути, додека не заруменат и послужете им на вашите најмили. Екстра совет – вклучете ги и децата во подготовката, на тој начин гарантираме дека ќе сакат да го вкусат “својот“ специјалитет.
Мини сендвичи
Зарем постои дете кое не сака сендвич? А пак кога ќе биде мини - бидејќи е специјално направен само за нив, веруваме дека ќе го обожаваат! Потребни ви се 15 минути и 2 лажици путер, 2/3 чаша бафало сос, 1 печен пилешки стек, искинат, 2 сечкани дршки од целер, мини лепчиња за бургер, 2/3 чаша рендан кашкавал и рендана зелка. За подготовка, растопете го путерот и додадете го бафало сосот. Во сад, измешајте го пилешкото и целерот, додадете го сосот и соединете ги. Пресечете ги лепчињата на пола, ставете од смесата, ставете зелка и рендан кашкавал и повикајте ги децата на дегустација.
Пилешки нагетс со киноа
Моќта на пилешките нагетс е голема. Но, направете ги похранливи со тоа што ќе ги направете со киноа. Овие домашно направени пилешки нагетс се крцкави, сочни, готови за само 30 минути и многу поздрави од оние купени во продавница. Единственото нешто што може да ги подобри е ако ги направите во форма на диносаурус. За нивна подготовка, потребни ви се ¾ чаша брашно, 1 лажичка лук во прав, 1 лажичка сол, ¾ лажичка бибер, 2 јајца, 2 чаши зготвена киноа, 2 парчиња пилешки стек, исечени на мали парчиња (во форма на диносаурус), сос од мед и сенф за сервирање. Загрејте ја рерната на 200°C. Поставете плех со хартија за печење и напрскајте со нелеплив спреј за готвење. Во плитка чинија измешајте го брашното со лукот во прав, солта и биберот да се соединат. Во друга плитка чинија изматете ги јајцата. Ставете ја зготвената киноа во трета плитка чинија. Ставете парче пилешко во мешавината на брашно потоа натопете го во јајцето, и на крај ставете го во киноа за да се премачка целосно. Вака подготвените парчиња пилешко ставете ги на плехот и напрскајте ги со нелеплив спреј за готвење и печете додека не поруменат и не се зготват целосно, од 12 до 15 минути, превртувајќи ги на половина од готвењето. Послужете ги со сос од мед и сенф и заблагодарете ни се за овој здрав и вкусен предлог.
За подготовка на сите рецепти предлагаме да користете пилешко месо СлогаПром. Како компанија што на прво место ја става безбедноста на храната, редовно ги следи високите стандарди и е секогаш во тек со највисоките технологии за замрзната храна, а има и традиција од 3 децении, веруваме дека производите кои ги пласираат на пазарот се вистински избор за вашите најмили.