Како најлесно да внесете протеини во исхраната на вашите деца?

Добивај вести на Viber

Балансираната исхрана е исклучително важна за растот и развојот на децата, а внесот на сите потребни хранливи материи, меѓу кои протеините, кои помагаат за правилна функција на организмот, е најлесен токму преку храната. Наведовме дека пилешкото и свинското месо се одлични извори на протеини и посочивме како полесно да ги внесете во диетата на вашите деца, па сега продолжуваме со рибата, бидејќи колку што е важен внесот на хранливите материи, важна е и разновидноста на храната.

Во продолжение 3 вкусни, лесни и интересни рецепти со ослич кои со сигурност ќе се најдат на листата на омилена храна на вашите најмили.

Рибни прсти:

Со овој рецепт гарантираме дека нема да погрешите. Сè што ви треба е брашно, сол, бибер, јајце, риба ослич и лебни трошки. Исчистете ја рибата и исечете на долгнавести парчиња, па зачинете со сол и бибер. Ставете ги парчињата риба прво во сад со брашното, па во јајцето и на крај во лебните трошки. Пржете во тава со загреано масло додека не добијат златна боја и послужете со ребраст помфрит. И секако, очекувајте дека ќе ви бараат уште.

Бургер врапови со риба:

Потребни ви се 4 парчиња риба ослич, 2 лажици брашно, 1 јајце, лебни трошки, кора од лимон и сок од лимон, масло за готвење, 4 тортилји, тартар сос, марула и кисели краставички. Подгответе ја рибата исто како за рибни прсти, на тава загрејте ги тортилјите и премачкајте ги со тартар сос, ставете марула, кисели краставички исечени на ленти, и на крај рибните прсти. Додадете малку сок од лимон па затворете ги прво од страните па преклопете од доле.

Мини пита со риба:

За овој рецепт потребно ви е веќе подготвено пире, путер, 1 исечкан кромид, 3 исечкани домати, 2 лажици брашно, 400 гр риба ослич, исчистена и исечена на коцки, малку свеж исечкан магдонос, 1 ловоров лист, 200 мл млеко, сол, бибер, кашкавал и 1 изматено јајце. Растопете го путерот во длабока тава и додадете го кромидот. Гответе 5 минути па додадете го доматот и гответе уште 1 минута. Додадете го брашното и измешајте па додадете ја рибата со магдоносот и ловоровиот лист. Истурете го млекото и зачинете со бибер и сол и оставете да врие околу 4 минути. Извадете го ловоровиот лист, а додадете го кашкавалот и гответе додека да се растопи. Смесата поделете ја на 6 дела во калапчиња и врз неа ставете пире. Премачкајте со изматеното јајце и гответе во загреана рерна на 180 степени околу 15 минути. Украсете со помош на морков, спанаќ, пиперка, пченка, млад кромид, шери домати или импровизирајте. Со сигурност ќе измамите насмевка на лицата на вашите деца.

Квалитетот на храната која ја консумираат вашите деца е многу важен. Покрај вкусот, важно е да ги содржи и сите хранливи состојки, па така предлагаме да користите риба од нашиот домашен бренд Слога Пром, кои секогаш на прво место ја ставаат безбедноста на храната и се во тек со највисоките технологии за замрзната храна со цел зачувување на хранливите состојки на истата.