Како стариот капут да го носите на нов начин? Кејт Мидлтон има нова модна лекција за вас (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Сопругата на принцот Вилијам се појави во комбинација која делува многу удобно, а која дава отмен изглед...

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон посети една детска болница во Лондон, што е еден од нејзините потези со кои се труди да ја подигне свеста за важноста на квалитетната нега на децата во раната фаза од развојот.

Таа зборуваше со децата хоспитализирани во Лутон, како и со медицинскиот персонал кој се грижи за нив, а учествуваше и во разни уметнички активности.

За оваа прилика, таа одбра уште една многу елегантна модна комбинација која е практична и удобна и многу погодна за секојдневните обврски. Тука пред сѐ е нејзиниот капут од брендот „Massimo Dutti“, кој и во минатото го носела повеќе пати, но додека порано го носеше со облека во бежова и кафена боја, сега одбра нешто поинакво.

фото: Profimedia

Изборот на Кејт беше плетен комплет во ефектна нисајанса, што е уште еден прекрасен начин да се искомбинира овој капут. Таа се појави во едноставна тесна ролка и долго здолниште, зад кои се потпишува дизајнерката Габриела Херст.

Иако портокаловата боја може да биде помалку ризична и незгодна за комбинирање, сопругата на принцот Вилијам ја спои со неутрални тонови, поради што остави прекрасен впечаток. Оваа нијанса е една од оние кои доминираат секоја зима. 


фото: Принтскрин / Инстаграм / Profimedia