Како вчера да беше кога заедно го слушнавме првото училишно ѕвоно: Синот на Мицкоски полуматурант

Со емотивна посвета на социјалните мрежи, лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски му ја честиташе полуматурата на својот син.

Покрај фотографијата на Фејсбук, Мицкоски напиша: 

„Помина како убав сон. Како вчера да беше кога заедно го слушнавме првото училишно ѕвоно, а денес славиме полуматура. Честитки синко! Од септември нов предизвик, скопската гимназија Орце Николов!“ .


Рози Мицкоска е професор по македонски јазик во скопската гимназија “Орце Николов” . Јован и Антони се двете деца кои се плод на љубовта на Рози и Христијан.