Каква дама! Официјално, таа е најдобро облечената благородничка, а сега воодушеви со најубавото отмено издание (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Во саботата Монако го прослави Националниот ден, а членовите на кралското семејство традиционално се собраа пред катедралата Свети Никола во Монте Карло. Покрај принцезата Шарлин, вниманието го привлече и Беатрис Боромео со своето беспрекорно модно издание.

Беатрис е мажена за Пјер Казираги, најмладиот син на принцезата Каролина од Монако и внук на познатата Грејс Кели, што ја прави всушност дел од кралското семејство во Монако.

View this post on Instagram

A post shared by Beatrice Borromeo Casiraghi (@beatriceborromeo_)



Таа за оваа пригода избра многу едноставна, а сепак совршена облека, која и донесе комплименти и од најстрогите модни критичари.

Убавата 37-годишна дама блесна во софистициран црвен комплет, составен од тесно здолниште со миди должина и јакна од пеплум, а тоа го зачини со ефективни модни додатоци. Имено, таа целата оваа модна приказна ја заокружи со класични, црвени чевли, златни обетки и елегантна борда капа со широк обод.

View this post on Instagram

A post shared by Grimaldi & Casiraghi (@grimaldicasiraghi)



Минатата година Беатрис беше најдобро облечената благородничка во Европа, а оваа титула е целосно оправдана - каде и да оди секогаш е брилијантно стилизирана и верна на префинети, елегантни изданија.

Благородничката го привлече вниманието и на трогателните моменти на нежност со нејзиниот помлад син Франческо, со кој играше и го бакнуваше во моментите на досада. Покрај ова слатко 4-годишно момче, таа во бракот со Пјер го има и 5-годишниот син Стефан.

View this post on Instagram

A post shared by Le Piu Affascinanti Di Milano (@lepiuaffascinantidimilano)



Убавата Италијанка пред да се омажи се занимавала со новинарство и манекенство, а инаку има и аристократско потекло - потекнува од влијателно италијанско семејство на синокрвно семејство, а меѓу нејзините предци е и надбискуп. Нејзиниот татко е Дон Карло Фердинанд Боромео, грофот на Арон, а семејството Боромео потекнува од 16 век кога почнало да стекнува имот на островите Боромео, каде што сè уште се мнозинството земјопоседници.


ФОТО: Инстаграм Screenshot