Каква трансформација: Едита не е веќе медена русокоса, сега е црнокоса (ФОТО)
Пејачката Едита Арадиновиќ моментално е на одмор во Дубаи, каде ужива со својата пријателка.
На „Инстаграм“, пејачката Едита Арадиновиќ редовно ги информира своите следбеници како се забавува и колку ужива во сончевиот Дубаи.
Секогаш весела и полна со добра енергија, Едита „полни батерии“ релаксирајќи се покрај морето, за да се подготви за „нови работни победи“.
Во меѓувреме, пејачката од регуларен термин за фризер, заврши со драстична промена.
Таа самата не планирала да направи таква трансформација, но спонтано се случи и тоа. Популарната пејачка повеќе не е русокоса, туку привлечна црнокоса.
Таа сподели на социјалните мрежи како се случило тоа.
- Убава црнокоса жена влезе во салонот додека јас се фенирав и само прашав дали можам да го сторам истото - напиша Едита.
- А, кој ќе напише дека сум поубава со светла коса, ќе го блокирам (додека не се вратам во блондинка) - рече таа.
Изгледа, Едита не е баш сигурна дали ѝ се допаѓа оваа промена на бојата на косата, а нејзините пријатели ѝ дадоа голема поддршка и комплименти.
извор:story.rsЕдита имала тешко детство: Емотивно за брат ѝ кој починал на 21 година