Какви големи промени подготвуваат Фејсбук и Инстаграм

Денеска во исто време се случи глобален проблем со конектирањето на социјалните мрежи Инстаграм и Фејсбук. Многу корисници на двете мрежи од целиот свет со објави на Фејсбук се пожалија дека не можат да се поврзат на своите сметки.

Според „Индипендент“, не е прв пат двете социјални мрежи да не се достапни во исто време и корисницитете на Фејсбук и на Инстаграм да добијат известување дека сервисот не работи.

Истиот извор наведува дека ваков проблем се случува кога системот на двете мрежи најавува некоја голема промена во својот систем. Најверојатно, Фејсбук и Инстаграм ќе понудат нови опции пред Новогодишните празници па затоа дошло до денешните проблеми. Според светските медиуми, тоа ќе бидат промени во дизајнот, но и повеќе достапни опции за корисниците. И Фејсбук и Инстаграм се во сопствеништво на Марк Цукерберг.