Калиопи: Не знам што ѝ е на госпоѓата, никој никогаш не ме навредувал вака како Весна

Фото насловна: Колаж/Instagram/kaliopi/Youtube/screenshoot/K1 Televizija

- Ја работам оваа работа веќе 35 години и никој никогаш не ми кажал такво нешто, ниту ме навредувал како неа - вели Калиопи

Српската водителката Весна Дедиќ и македонската пејачка Калиопи Букле се скараа зад камерите, за што не се знаеше ништо, сè додека Весна Дедиќ не реши да раскаже што се случило.

Весна изјави дека Калиопи во една прилика не се појавила на закажаното снимање, таа и тимот не сакале да ја чекаат и дека никогаш нема да ја преболат таа ситуација.

- Таа рече дека ќе му се јави на тогашниот директор да му каже да ме отпушти ако не ја чекам. Јас и реков, слободно јави се. Таа не се појави на снимањето, не сакав да чекам неколку часа. Никогаш нема да ѝ го заборавам тоа - истакна Дедиќ.

Македонската дива се огласи по изјавата на водителката Весна Дедиќ, која за медиумите изјави дека повеќе нема да ја покани во шоуто. Калиопи е шокирана од изјавата на Дедиќ и негира дека се заканила дека ќе ја отпушти.

- Никој не ме познава како таква личност како што вели Весна. Јас навистина не знам што се случи со дамата и што сакаше да каже со тоа. Јас ја работам оваа работа веќе 35 години и никој никогаш не ми кажал такво нешто, ниту ме навредувал како неа. Вистина е дека доцнев на таа неславна снимка поради сообраќајна несреќа поради лошо време, бидејќи патував од Загреб кон Белград, нејзиниот продуцент го знаеше тоа - рече Калиопи за Курир и продолжи:

- Ова го слушам првпат сега, шокирана сум од она што го зборува таа. Како и да е, јас Весна Дедиќ, колку што не ја познавам, ја почитувам како интелектуалец, новинар и писател, дури и ги читам и нејзините книги. Она што го зборува е сосема туѓа работа за мене, навистина не знам за што зборува таа жена. Калиопи се бори луѓето да добијат работа, а не да се заканува на некого со отказ, тоа е скандалозно за што зборува. Никогаш во животот немав проблем од ваков вид - рече македонската пејачка.

Овој одговор на Калиопи дополнително ја иритираше Дедиќ, која сè уште не се откажува од своите тврдења.

- За жал, Тијаниќ не е жив, па не можам да ви кажам: „Прашајте го Тијаниќ!“. Без оглед на сè, јас сепак ја слушам Калиопи и не е важно што стори во афект - истакна водителката за Курир.


Moжеби ќе ве интересира:

Калиопи во посета на естетски хирург: Дали дивата се подмладува?