Камел магија: Кејт Мидлтон во монохроматска комбинација - совршен пример за есенска елеганција (ФОТО)
Сопругата на принцот Вилијам знае како да се облече за свечени прилики, кога треба да изгледате како да не сте се труделе премногу, но сепак да оставите силен впечаток
Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон во последно време не се појавува многу во јавноста, но сега им се врати на кралските обврски и тоа со стил!
Сопругата на принцот Вилијам, прва во редот за британскиот престол, го посети Скарборо, приморски град во Северен Јоркшир, каде кралската двојка се сретна со организации кои работат на поддршка на младите и подигање на свеста за важноста на грижата за менталното здравје .
И двајцата, како и обично во ноември, на реверите го носеа цветот афион, кој се носи во спомен на сите жртви од Првата светска војна и е симбол на претстојниот Ден на примирјето.
Додека принцот Вилијам носеше морнарски костум и бордо џемпер над неговата кошула, неговата сопруга се одлучи за монохроматски изглед и резултатот е феноменален.
Кејт Мидлтон за оваа прилика избрала комбинација во камел боја, а нејзиниот избор е шик ролка фустан кој паѓа под колена. Станува збор за модел во А-крој, кој е изработен од многу лесен материјал, па се мавта при одење.
Принцезата од Велс го заокружи ова парче со појас во боја на карамела, благодарение на што дополнително ја истакна половината.
Како и обично кога ги разголува нозете, носеше и чорапи во боја на кожа, што е едно од правилата на кралското семејство.
Над трендовскиот фустан, кој беше апсолутен хит минатата есенска сезона, Кејт носеше долго палто во иста нијанса, едноставен модел на класичен дизајн кој и даде многу шик изглед и иста нијанса на убава карамела чанта од брендот Demellier.
фотографии;PROFIMEDIA
извор:GLOSSY