Камерон Дијаз се откажа од актерството одмана: Сега точи вино за самодоверба

– Сѐ почна пред две години, едно убаво попладне во Лос Анџелес. Со Кетрин сфативме дека знаеме и внимаваме што сè содржи она што влегува во нашите тела – па, зошто да не и виното – рече Камерон Дијаз.

Славната актерка го претстави својот бренд за вино „Авалин“, заедно со нејзината партнерка, претприемачка во индустрија за мода и авторка Кетрин Пауер.

Тие објавија дека ги здружуваат силите за да го обезбедат она што го опишуваат како вегански пријателски, чист и органски бренд за вино. Палетата вина на „Авалин“ вклучува бело вино и розе, а едно шише чини 20 долари.  

Дијаз се откажа од актерството и во една прилика кажа дека и е здосадено, дека има многу пари и дека по секоја цена не сака слава.

Почнувајќи од вчера „Авалин“  може да се купи преку интернет по цена од 20 долари за  шише. Нивниот бренд исто така има намера да го продава виното на сопствена интернет-страница.

Со мотото „Наточете со самодоверба, уживајте, повторете“, „Авалин“ може да ја збогати летната понуда во светот на славните што веќе се во бизнис на производство на вино.

Извор: Drinks Business

Фото: Justin Coit