Култура // Настани
Камион полн со плишани играчки алармира на суровоста во животинските фарми
Познатиот уличен уметник Банкси во своето најново дело користи плишани играчки за да алармира за суровоста кон животните во животинските фарми. Неговото последно дело лоцирано во Њујорк е прилично откачено, но многу мудро го свртува вниманието на бруталноста на која се изложени животните во фармите. Делото е нaречено „Сирената на јагнињата“ и претставува мобилна инсталација - камион полн со плишани животни и наснимени животински звуци кој кружи по њујоршките улици.
Со ова Банкси посебно се осврнува на страдањето на
животните кога се пренесувани од животинските фарми кон кланиците. Оние кои го
виделе камионот по њујоршките улици велат дека делото едноставно не може да не
ви го привлече вниманието и да не ве замисли.