Камка Тоциновски како холивудска дива во Каиро: Изгледа моќно на премиерата на „Преекспонирано“ (ФОТО)

Добивај вести на Viber

фото:facebook/ Things Unsaid / Преекспонирано

Вчера се случи премиерата на „Преекспонирано“ на Интернационалниот фестивал во Каиро, а како што објави режисерката Венинова, била проследена со прашања од публиката и голем интерес, поради што таа, актерите и продуцентот на филмот одговарале на многубројните прашања од публиката дури и по завршувањето на официјалниот дел.

„Преекспонирано“ е дебитантски игран филм на режисерката и сценаристка Елеонора Венинова, кој имаше светска премиера на 44. издание на Интернационалниот филмски фестивал во Каиро.

Филмот ќе биде во натпреварувачка конкуренција на фестивалот кој спаѓа во А-категорија, a во овој круг влезе меѓу само 14 филма, од сите континенти, кои годинава ќе се борат за традиционалната награда „Златна пирамида“, а за што ќе одлучува жирито предводено од реномираната јапонска авторка, Наоми Кавасе.

Улогите во овој филм ги толкуваат Камка Тоциновски, Благој Веселинов, Сара Климовска, кои покажаа вистинска елеганција на премиерата во Каиро, заедно со режисерката Елеонора.


Камка особено воодушеви со модниот избор кој се состоеше од плишан костум во виолетова боја и изгледаше многу моќно.

фото:facebook/ Things Unsaid / Преекспонирано

 Камка досега глумела во над 20 филмови, а во 2007 и 2008 година беше избрана за „Берлинале талент“, на годишниот самит и платформа за вмрежување на Берлинскиот меѓународен филмски фестивал со 250 извонредни креативци од филмската и драмската индустрија.

Инаку 43-годишната Камка Точиновски е родена во Скопје - оваа македонска актерка ја започна својата актерска кариера во 2000 година, по завршувањето на студиите во Скопје.

Во последните неколку години таа е доста актуелна на филмското платно и се смета за една од најдобрите македонски актерки.

Во ексклузивно интервју за Женски магазин, Камка изјави дека фамилијата ѝ е сѐ, и дека нејзините внуци и кучињата, ја прават најсреќна