Канје Вест ја расплака сопругата: Ѝ подари холограм од нејзиниот покоен татко

Во коментарите, следбениците го изразија своето воодушевување за подарокот

Раперот Кајне Вест и подари на сопругата Ким Кардашијан холограм од нејзиниот покоен татко, Роберт Кардашијан за нејзиниот 40-ти роденден. Роберт почина од рак во 2003 година на 59-годишна возраст. "Холограм од рајот. За роденденот  Канје ми го даде најубавиот подарок во мојот живот. Посебно изненадување од рајот. Холограм на татко ми. Изгледаше толку живо, го гледавме одново и одново, преплавено со чувства и солзи. Не можам ни да опишам што ми значеше ова мене и на моите сестри, брат, мама ... Благодарам многу, Канје, за овој спомен цел живот “, напиша Ким покрај видеото од холограмот на Инстаграм.



 Во коментарите, следбениците го изразија своето воодушевување за подарокот. „Се наежив додека го гледав ова, беше толку емотивно да го гледам ова во живо“, „Сè уште плачам поради ова“, „Најубавиот подарок“, напишаа пријателите.


Фото: Инстаграм

Можеби ќе ве интересира:

Нека јадат колачи: Ким Кардашијан е цел на осуда за роденденската прослава во време на пандемија