(ВИДЕО) Карантинска обработка: Наџа Џоковиќ ќе ве насмее со песна за живот во карантин

Наџа Џоковиќ e ќерка нa  Билјана Прокиќ - актерка во Народниот театар во Ужице и пејачка.

Наџа е дипломирана студентка на Педагошки факултет во Ужице, има објавено три збирки поезија и проза, и може да се пофали со многу нејзини песни што ги изведува на претстави каде свири пијано и пее.

Таа на својот фејсбук профил објави видео како пее измислена песна за животот во карантин, со композиција на Моцарт во позадина.


Дел од нејзината песна, преведена на македонски:
Еве, секој ден, имам ист план,
Не знам каде ќе бидам, не знам што ќе правам, затоа бегам да спијам.
Рацете миј ги, тегни ја кожата, чистете, рибајте, гледајте го станот.

Уште една карантинска обработка, Моцарт ќе ми прости - напиша Наџа.