Карлеуша издоминира на црвениот тепих и призна: „Ги користам моето име и популарност за да добијам нешто“

Добивај вести на Viber

Пејачката Јелена Карлеуша се појави на црвениот тепих на настан во Белград и ги воодушеви сите со својот стајлинг

Карлеуша е позната како некој кој секогаш лови креации, а сега призна дека фустанот го добила како подарок. 

Јелена на почетокот проговори како на неа влијае поскапувањето во Србија.

„Не се подготвив за прашањето за поскапувањето. Секој ден учам од луѓето околу мене дека се& поскапело. Јас сум некој кој се‘ што заработувам инвестирам во мојот бизнис. Колку и да било нешто скапо, но добро ми било за кариерата, не се каам. Се‘ што има квалитет има своја цена. Не можам да кажам дека сум еден од стандардните граѓани на оваа држава, но сигурна сум дека додека некои го чувствуваат поскапувањето, јас 30 години инвестирав во кариерата, па сега можам да живеам добро, полесно го поднесувам поскапувањето. Јас за 30 години инвестирав милиони, додека другите купуваа други работи“, рече таа, потоа ја спомна креацијата:

„Кај нас недостасува гламур. Не оди да си гламурозен на сплав или во ресторан. Ова е фустан од албанска дизајнерка, не платив за него, го добив од неа. Јас го користам моето име и популарност за да добијам нешто на подарок“, рече таа.


Фото: Instgaram

3.600 евра за модно ремек-дело: За прв пат Јелена Карлеуша изненади со фустан кој го видовме претходно на Ким Кардашијан (ФОТО)