Карлеуша отпатува на луксузна дестинација: Роденден слави со мажот кој ѝ е „верен“ со децении
Дочекана со коктели за добредојде и јагоди, но и бесен автомобил кој им е на услуга за време на нивниот престој таму
Поп-ѕвездата на балканската музичка сцена Јелена Карлеуша денеска, 17 август, го слави својот 44-ти роденден, а токму по овој повод ги спакува куферите и отпатува на луксузна дестинација со своите ќерки.
Јелена заедно со наследничките Атина и Ника заминаа во Дубаи каде ќе уживаат неколку дена.
Карлеуша снимила и како нејзините ќерки биле пречекани во луксузниот комплекс во кој ќе бидат сместени додека престојуваат таму - со коктели за добредојде и јагоди, но и бесен автомобил кој им е на услуга додека престојуваат таму.
Но, она што многумина ги интересираше е каде Јелена отиде да го прослави роденденот.
Роденденот пејачката ќе го прослави во кругот на најблиските пријатели, со ќерките и со човекот кој и е „верен“ со децении и на професионален и на приватен план, Зоран Бирташевиќ.
foto: Instagram Screenshot