Карлеуша жестоко „удри“ по Слобода Миќаловиќ: Не ѝ е првпат

Познато е дека ова не е прв пат Јелена Карлеуша да ја прозива Слобода во негативен контекст.

На Јелена Карлеуша ѝ пречеше кога Слобода Миќаловиќ во едно интервју го кажа своето мислење за луѓето кои се вегани и не се двоумат да носат работи од животинска кожа.

Одговорот на пејачката до актерката ги запали социјалните мрежи.

- Сакав да изедам една од моите чанти од Луј Витон, но оваа многу паметна жена ми објасни дека тоа не е зелка. А јас јадам само зелка – напишала пејачката.

Сепак, малку подобро упатените за целата ситуација знаат дека ова не е прв пат ЈК да ја прозива Слобода во негативен контекст.

Имено, кога пред неколку години Слобода и нејзината сестра Драгана се појавија на ревијата на Верица Ракочевиќ, Јелена го критикуваше изгледот на популарните актерки.

- Не сте кафе готвачки, па на јавни места да се појавувате со ранци, без шминка, со несредена коса. Забележав дека актерките носат таков стил - лежерна коса, апа-драпа, не ми е гајле, нечешлана сум и без шминка или ќе го фрлам ѓубрето, а всушност одам на црвениот тепих. Па не може така – изјави тогаш Карлеуша.

Извор: Нпортал