Катарина Ивановска беше во Рим, кога пристигна веста што го обиколи светот: Македонскиот топ модел со импресии од шармот на овој град

Добивај вести на Viber

Топ моделот Катарина Ивановска продолжениот празничен викенд го помина во Рим, градот на светлината, убавината, шармот и архитектурата.

Италијанската метропола се смета за најголем град на Средоземјето.

Ивановска имала можност да го посети Foro Romano, правоаголен форум како што го нарекуваат опкружен со урнатини на антички владини згради.

Со векови бил центар на секојдневниот живот во Рим: место на триумфални поворки и избори, местото на одржување на јавни говори, кривични судења и гладијаторски натпревари. Форумот денес е распространета руина од архитектонски фрагменти и периодични археолошки ископувања кои привлекуваат 4,5 милиони или повеќе туристи годишно.

Никогаш доста од знаменитостите кога си во Рим. Ако не го посетиш Колосеумот исто како да не си бил. Па еве и фотографија од Катарина како потврда на горенаведеното.

Пјаца Венеција или „Плоштадот на Венеција“ е централниот дел од Рим, каде се вкрстуваат неколку сообраќајници.

Фото: Инстаграм