Кејт ги фотографираше: Го одбележуваат роденденот на принцот Вилијам и Денот на татковците

Принцот Вилијам е фотографиран опкружен со неговите три деца, на новите фотографии семејството го одбележува и неговиот роденден и Денот на татковците.

Објавени се две нови фотографии, направени од војвотката од Кембриџ и го прикажуваат Вилијам, кој денес наполни 38 години, со принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис.

Во една прилика Кејт Мидлтон изјави дека фотографијата е нејзина страст и хоби и често ги фотографира нејзините деца.

Вилијам е роден на 21 јуни, 1982 година. Тој имаше 15 години кога неговата мајка принцеза Дајана почина во сообраќајна несреќа во 1997 година, пет години откако се раздели од принцот Чарлс.

Тој се запозна со Кејт - сега војвотката од Кембриџ - кога двајцата беа на универзитет во Шкотска и се венчаа во 2011 година.

Нивниот најстар син, принцот Џeорџ е роден во 2013 година, по што следат Шарлот во 2015 година и Луис во 2018 година.

извор:news.sky