Кејт го удри принцот за задникот и блесна на црвениот тепих: Принцезата го преправи стариот фустан, па ги засени сите на BAFTA наградите (ФОТО)
Принцезата Кејт Мидлтон и принцот Вилијам присуствуваа на доделувањето на наградите БАФТА во Лондон, а на црвениот тепих сите ги свртеа главите по нив.
Кејт носеше балска тоалета на едно рамо до подот од познатата модна куќа, која претходно ја носеше на БАФТА наградите во 2019 година.
Овој пат таа сосема поинаку го стилизираше фустанот, со него носеше црни долги ракавици и црна чанта.
Цветните детали на рамениците, кои беа видени претходно, се заменети со топ, кој паѓа по левата страна на телото.
Носеше и обетки со висечки цветови.
Инаку Кејт во последно време се повеќе се однесува како пред да се омажи за Вилијам, а тоа предизвика големо внимание и одобрување кај светската јавност.
Цел свет ги коментираше елегантните црни ракавици на Кејт и тоа што таа и Вилијам не се држеле за рака.
Поради ова, многумина дури беа загрижени дека нешто не е во ред во љубовта на кнежевската двојка, но сега се појави ново видео кое јасно покажува дека парот сепак е многу среќен.
Кејт го искористи моментот на невнимание на многумина кога нежно го плесна својот сопруг по задникот, а тоа предизвика општ шок бидејќи никој не очекуваше принцезата да се однесува толку ноншалантно и шеговито.
Многумина се изненадени, но и среќни поради фактот што принцезата е толку опуштена и искрено ги изразува своите чувства без разлика на настани и правила.