Кејт Мидлтон блескаше покрај сопругот во боја која е хит годинава: Прво заедничко појавување после една година ФОТО

Добивај вести на Viber

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам го имаа својот прв заеднички ангажман во Велс по повеќе од една година за да ја одбележат годишната државна прослава на Денот на Свети Давид.

Тие го посетија пазарот во Понтиприд, каде пробаа локални деликатеси, пред официјалните настани по повод одбележувањето на заштитникот на земјата, 1-ви март. Пристигнаа со воз, а сите очи, како и секогаш, беа вперени во прекрасната принцеза, која од почетокот на годината се почесто се гледа во јавноста откако сподели дека нејзината битка со болеста отишла во ремисија.

View this post on Instagram

A post shared by Prince William & Princess Catherine of Wales (@thewaleschronicle)



Кејт (43) се појави во елегантна облека, облечена во шик црвен капут од Александар МекКвин, една од нејзините омилени модни куќи, а истиот го носеше и за време на божиќниот концерт во Вестминстерската опатија во Лондон. Одоздола носеше карирано здолниште, кафена ролка, што е еден од трендовите од почетокот на годината, а на се додаде едноставни црни чизми.


Густата коса ја оставила да паѓа во бранови, а на лицето имаше многу малку неутрална шминка. Овој пат парот реши да се координира кога се нијансите во прашање, па Вилијам преку сина кошула облече борд џемпер.

Последната заедничка посета на парот беше во октомври 2023 година, додека другите планирани ангажмани беа откажани поради дијагнозата на рак со која Кејт се соочи на почетокот на минатата година.